Разорното невреме ја опустоши Хрватска: Дрво падна врз девојче, итно и била извршена операција

Од:

Хрватскиот вицепремиер Томо Медвед вчера ја посети Чазма, која беше опустошена од бура каква што градот досега не видел. Медвед се сретна со градоначалникот Динк Пирак и со префектот на Бјеловарско-билогорската жупанија Марко Марушиќ, кои го информираа за обемот на штетата.

Во невремето едно девојче е повредено додека се враќало од училиште. Имено, врз неа паднало дрво и и ја скршило ногата. Таа е итно пренесена во Загреб и веќе е оперирана.

„За жал, едно дете е повредено. Штетата е огромна. Најстарите луѓе не паметат вакво разорно невреме. Сите служби се на терен и им помагаме на луѓето колку што можеме. Најлошо е што ни претстојат уште два врнежливи денови. Околу 30 куќи имаат оштетени покриви, а на неколку од нив ветерот однесе дрва и ќерамиди, што доволно говори за јачината на ветрот. Штетите на земјоделското земјиште се огромни“, изјави претседателот на општина Чазма, Динко Пирак.

Екипите за електрична енергија интензивно работат на санација, струјата веќе некаде се враќа, но мислам дека ќе бидат потребни два-три дена за да се стабилизира целиот систем“, рече претседателот на општината.

Да потсетиме, пријави од граѓани за силно невреме со ветер и дожд во месноста Чазман пристигнаа вчера во попладневните часови.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он