Разговор Мас-Логар: Самитот на ЕУ со земјите од Западен Балкан е многу важен

Од:

Важно е и во услови на вонредна ситуација поради епидемијата на коронавирусот да се одржи самитот на Европската унија со земјите од Западен Балкан, се сложија министерот за надворешни работи на Словенија Анже Логар и неговиот германски колега Хајко Мас.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, министрите неколку часа разговарале преку видео врска за актуелните случувања во унијата, но и за односите со Западен Балкан. Мас кажал дека соработката на ЕУ со овие земји е многу важна и дека овие земји, секако вклучувајќи ја и Северна Македонија, ќе добијат помош за полесно да справат со последиците од епидемијата на коронавирусот.

– Покажавме дека и во овие тешки времиња овие земји можат да се потпрат на нас, потенцирал Мас.

Двајцата политичари разговараа и за отворањето на внатрешните и надворешните граници на унијата. Се сложиле дека не е време за популистички, туку за научно оправдани решенија, бидејќи и мала грешка може да значи повторно зголемување на бројот заразени.

Мас и Логар се сложиле дека е потребно „европско решение” за динамиката на отворање на границите и дека наредните денови ќе треба интензивно да се работи на решавањето на ова прашање.

Би можело да ве интересира

Кремљ жали што ЕУ е против идејата за самит со Путин

Франција и Германија предложиле Путин биде поканет на самит со ЕУ

Логар: Стратешки е опасно тоа што ЕУ е неактивна на Западен Балкан

Жарко Настоски

Османи ќе се сретне со министрите за надворешни работи на земјите од Берлинскиот процес

Жарко Настоски

Втор ден од самитот на ЕУ – ќе се разговара за пандемијата и за климата

Шефот на германската дипломатија Хас може да посредува меѓу Израелците и Палестинците

Жарко Настоски