Разговор Борисов-Ципрас посветен на блокадите на бугарско-грчката граница

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска имаше телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас посветен на блокадите на границата меѓу Бугарија и Грција, предизвикани од протестот на грчките земјоделци, јави БТА.

Како што соопшти Прес-службата на бугарската Влада, Борисов во разговорот посочил дека на двете страни од границата чекаат речиси 1.800 камиони, кои трпат огромни загуби поради блокадите.

Борисов нагласил дека внатрешните проблеми на Грција не треба да бидат причина за ограничување на правото на слободно движење на луѓе и стоки и побарал на Ципрас Атина да преземе мерки за надминување на застојот, кои би можеле да вклучат и обезбедување коридор за транзитен превоз на стоки.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе