Ратко Младиќ најави штрајк со глад

Од:

По втор пат од почетокот на судењето, Судскиот совет на Хашкиот трибунал го исфрли од судницата командантот на Главниот штаб на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, поради инцидент за време на испитувањето на заштитениот сведок РМ – 081

Причините за исфрлањето се непознати, бидејќи инцидентот се случил за време на седницатата затворена за јавноста во текот на испитувањето на заштитениот сведок за прашања кои би можеле да го откријат неговиот идентитет, пренесува Радио Слободна Европа.

Според содржината на расправата помеѓу судиите и одбраната може да се заклучи дека во текот на сведочењето на заштитениот сведок, Младиќ почнал гласно да се смее.

Сведокот РМ – 081 сведочеше за заточеништвото во Рогатица по етничкото чистење на општината во 1992.година, за злоставувањето и силувањето кое го преживеал заедно со
другите членови на неговото семејство, малолетните син и ќерка и неговата сопруга.

Младиќ покажа неконтролирани емоции за време на сведочењето на жртвите, како и од некои сведоци на обвинителството со кои се среќавал во текот на војната.

Младиќ тешко ги контролира емоциите, потврди неговиот адвокат и изјави дека “тој веќе не може да ги контролира ни смеата нити солзите.”

Младиќ побарал да се врати во притворската единица, иако судијата Алфонс Ори му дозволи да се врати во судницата кога ќе почне сведочењето на наредниот сведок.

Тој побара од своите адвокати да ја напуштат судницата заедно со него и рече дека ќе почне штрајк со глад и дека одбива лекови, ако судиите не го разбираат, и ако му биде доделена друга одбрана.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

На млад фудбалер му била одземена платата бидејќи ставил „лајк“ на дуелот меѓу Русија и Србија во Москва

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати