Ратко Младиќ ќе ја обжали пресудата за доживотен затвор пред Меѓународниот суд во Хаг

Од:

Поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој беше осуден за геноцид и воени злосторства за време на војната во поранешна Југославија, ќе ја обжали пресудата за доживотен затвор во Хашкиот суд, јавија регионалните медиуми.

Процесот пред Меѓународниот суд во моментов се реализира преку интернет поради пандемијата со Ковид-19, но беше и често прекинуван поради технички проблеми.

Судијата од Замбија денеска соопшти дека 77-годишниот Младиќ поднел жалба по основ на деветте точки од пресудата и побарал да биде ослободен или судскиот процес да се повтори.

Изнесувањето на жалбата досега двапати беше одложувано. Прво, во март, кога Младиќ беше подложен на операција на дебелото црево, а потоа во јуни, поради пандемијата.

Ратко Младиќ издржува доживотна затворска казна за организирањето на убиствата на 8.000 муслимани во Сребреница, како и за други воени злосторства.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Утврдено е дека Србија не е одговорна за наводниот геноцид во Сребреница

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Борел: Додека ја држи Сребреница во своето срце, ЕУ цврсто стои зад БиХ и Западен Балкан

Во Скопје се одбележува 11 Јули-Ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница

Мишел: Геноцидот во Сребреница еден од најмрачните моменти во модерната европска историја