Рател: Верскиот радикализм во Косово плод на сиромаштијата

Од:

Заменик обвинителот во Канцеларијата на Специјалното обвинителство на Косово, Џонатан Рател, смета дека во Косово постои „нијанса на верски радикализам“.

Според него, како што јави дописникот на МИА, состојбата е таква бидејќи во земјата има високо ниво на невработеност и сиромаштија.

– Моментно, Обвинителството спроведува две истраги кои опфаќаат голем број луѓе. Истрагите се спроведени и очекуваме во блиска иднина и покренување обвиненија. Станува збор за многу тешки обвиненија  кои се поврзуваат со учество и регрутирање за терористички активности. Не може да зборувам за истрагите кои продолжуваат, но може да кажам дека со косовската полиција имаме многу добра соработка, како и со другите агенции кои помагаат во прибирањето сведочења и обезбедувањето други форми на помош, изјавил Рател за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Тој додаава дека феноменот на радикализам не постои само во Косово, туку и во други земји каде млади се приклучуваат кон радиални групи, како Исламската држава и Ал Нусра.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска