Растат тензиите во Медитеранот: Грција вели дека ќе ги брани својот суверенитет и суверени права

Од:

Грција нема да прифати никаква уцена, ќе ги брани нејзиниот суверенитет и нејзините суверени права, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи и ја повика Турција „веднаш да ги запре нелегалните активности, кои ги поткопуваат мирот и безбедноста во регионот“, јавува МИА.

Реакцијата од грчкото МНР доаѓа по, како што велат, „новата нелегална турска „Навтекс“ (Navtex) за нелегални активности во грчкиот континентален гребен“.

Во соопштението се додава дека тоа, во комбинација со пошироката раздвижност на единици од турската воена морнарица „претставува сериозна ескалација“ и ја покажува „дестабилзирачката улога на Турција“.

Од Министерството за надворешни работи на Грција посочуваат дека Турција го напушта дијалогот уште пред да започне „повикувајќи се на целосно легалниот договор за Ексклузивната економска зона на Грција со Египет и се впушта во практики од минатите векови“.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски