Распуштен грчкиот парламент

Од:

Претседателот на Грција Карлос Папуљас денеска го распушти парламентот избран на 6-ти мај. Нови избори се закажани за 17-ти јуни.

Парламентот беше распуштен откако се изгуби секоја можноста да биде формирана влада од нити една партија која доби најмногу гласови на изборите кои пред две седмици се одржаа во Грција.

Разговорите за формирање на коалициска влада пропаднаа откако двете левичарски партии одбија да учествуваат во неа.

Инаку, на последните избори најмногу гласови освои конзервативната Нова демократија, 108 од вкупно 300 пратенички мандати. Ова беше и најкраткиот парламент во грчката историја. Новите пратеници одржаа само две седници.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит

Силен земјотрес ја погоди Грција

Македонски државјанин загина во сообраќајна несреќа во Грција