Расправата во грчкиот парламент за доверба на новата Влада продолжува денеска

Од:

Во 10 часот по локално време, денеска продолжува тридневната расправа во грчкиот Парламент за гласање доверба на новата Влада, откако вчера свои обраќања имаа премиерот на Грција како и лидерите на сите грчки политички партии, јави дописничката на МИА од Атина.

Вчерашната расправа започна во 19 часот со говор на Кирјакос Мицотакис, кој ја претстави владината програма, а расправата заврши на полноќ со обраќање на претседателот на МЕРА25, Јанис Варуфакис.

Опозициските партии рекоа дека нема да ѝ дадат доверба на владата и ги образложија нивните аргументи. Говорите во големиот дел беа посветени на економијата, а не изостана и Договорот од Преспа, како дел од ставовите за грчката надворешна политика.

Во текот на денешниот и утрешниот ден се очекува збор да земат министрите од новата грчка влада, како и пратеници од сите партии.

Претставувањето на владината програма ќе заврши утре на полноќ со гласање доверба на владата, а на гласањето ќе му претходи говор на Мицотакис и на лидерите на партиите.

Владата ќе добие доверба доколку мнозинство од присутните пратеници гласаат „за“, мнозинство кое не смее да биде помало од две петтини од вкупниот број пратеници.

Би можело да ве интересира

Грчката Влада ќе субвенционира купување електрични автомобили, мотори и велосипеди

А1он

Од грчката програма за домување заминуваат над 11.000 признати бегалци и лица кои немаат право на азил

А1он

Македонија меѓу земјите за кои од 15 јуни е дозволен влез во Грција

Ана Ололовска

Анкета: Грците против предвремени избори, економијата најважен проблем за земјата

Ана Ололовска

Поддршка од 2,9 милиони евра од САД за Грција за справување со миграциското прашање и Ковид-19

А1он

Американски и грчки воени авиони утре со прелет над Скопје ќе го поздрават нашето членство во НАТО

А1он