Распадот на СФРЈ – тешко наследство

Од:

Вијести – Подгорица

Со распадот на СФРЈ остана тешко политичко наследство на државите настанати од Југославија.

Југославија беше најголем државен и општествено-политички европски проект во 20 век, па со самото тоа и нејзиното уривање е најголемо злосторство во Европа по Втората светска војна.

Војната во поранешна Југославија ќе продолжеше ако меѓународната заедница не го основаше Хашкиот трибунал за воени злосторства, а потоа „професионалните патриоти” кои со години со оружје владееја со туѓите животи, одеднаш станаа „понизни соработници на хашките истражители”.

Тоа само ги доведе во заблуда институциите на меѓународната заедница, бидејќи се стекна впечаток дека главните виновници за војната се скротени и казнети што ни приближно не е точно.

Главни виновници се мрежите на бандити составени од воени и државни тајни служби, криминогеното подземје и надземје, како и од избраните политичари зад кои цврсто стоеа нивните политички партии.

Тие политичари се бирани според профилот на личноста во кое доминираше нивната алчност за моќта на парите и моќта за власт. Работата на мрежата на домашните бандити на терен ја координираше една силна служба од Истокот, но и некои од Западот беа вклучени во тоа.

Главни виновници за уривање на Југославија се воените политички партии заедно со нивните цркви и верски заедници, а покрај нив прикриена е и улогата на криминогеното подземје и надземје.

Политичкото раководство на Србија перманентно глумеше дека Србија не била во војната, а денес е видливо дека сето тоа било чисто фолирање.

Освен во Хрватска, војната и денес е централна тема кај Србите. Социолошко-психолошки не е тешко да се утврди причината. Србите денес не можат да сокријат дека во тие војни воено се поразени, а граѓаните на Србија и Република Српска се измамени, злоупотребени, осрамотени и осиромашени.

Во исто време, воените политички партии се надуваа од победничкиот патриотизам и личното богатство. Социјалистичката партија на Србија (СПС), Југословенската левица (ЈУЛ) на Мирјана Марковиќ и Српската радикална партија (СРС), како и сите партии кои произлегоа во нивниот инкубатор, носат одговорност за последиците од војната на просторот на поранешна Југославија.

Со повторното доаѓање на власт на коалицијата Вучиќ-Дачиќ се отвори процес на општествена и политичка хитлеризација на Србија. Српската напредна партија (СНС) на Александар Вучиќ носи политичка ДНК на својата политичка мајка, односно СРС.

Волкот го менува крзното, но табиетот никако, вели една стара мудрост.

Хрватска беше во војна пет години, но 20 години се наоѓа во продолжена воена состојба,, а доказ за тоа е дека во Хрватска не се водела само одбранбена, туку и граѓанска војна.

Отвореното антисрпство во делот на здруженијата на бранителите и Хрватската демократска заедница (ХДЗ) е одраз на прикриениот, националистички и клерофашистички став во ХДЗ.

Кога станува збор за БиХ, и денес е видлива воената бруталност на Српската демократска партија (СДС) на Радован Караџиќ, исто како што е видлива и може да се докаже перфидноста на ХДЗ БиХ и Партијата за демократска акција (СДА).

Таа нивна перфидност не се намалува ни денес во мир, туку само вешто се прилагодува на новата политичка реалност, додека денешната СДС изгледа нешто поинаку. Сокузот на независните социјалдемократки (СНСД) на Милорад Додик ја презема улогата на националистичката СДС на Караџиќ. Видлива е нивната страст кон се што е подруго и поинакво.

Демократската партија на социјалистите (ДПС) во Црна Гора е политичко, морално и удбашко чедо на СПС на Милошевиќ. Разликата е само во тоа што Црногорците се повешти, по префригани и по алчни удбаши од тие српските.

Денес се радуваат на самостојноста на Црна Гора, а тие истите во 90-тите години на минатиот век два пати ја потопија таа самостојност. Секако, поради лични криминални побуди, како и поради лични србочетнички страсти.

ВМРО ДПМНЕ во Македонија во својата генеза има фашистички темели. Тоа коруптивно и криминално го користи во последните три децении. Секогаш добро соработуваше со останатите воени партии на екс-Ју просторот.

Благоје Граховац, воздухопловен генерал во пензија и геополитички аналитичар

Би можело да ве интересира

Поранешна СФРЈ сè уште е жива во Кочани, титовистите го одбележаа нејзиниот 80. роденден

Морничавата приказна за бебињата од Југославија и денеска не е разрешена: „Се уште чувствувам дека е тука“

Катерина Ѓуровски

Последни пресуди за воени злосторства во поранешна Југославија: Двајца Срби осудени на по 15 години

Катерина Ѓуровски

Ковачевски сака граѓаните да имаат стандард како во времето на СФРЈ: Ќе носам тешки одлуки за ЕУ

Орце Костов

Четириесет и три години од смртта на Јосип Броз Тито

Ана Ололовска

3-годишната Милица загина од шрапнел во сопствениот дом – за 78 дена, 79 деца жртви на бомбардирањето

Анита Петровска Рајковиќ