Расмусен: Црна Гора ја гледаме како членка на НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска по разговорот со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, изјави дека Алијансата во иднина ја гледа Црна Гора како своја членка.


– Ние ја гледаме иднината на Црна Гора во евроатланското семејство и решени сме да и помогнеме на тој пат, истакна Расмусен.


Тој додаде дека Црна Гора е важен партнер за Алијансата и држава-кандидат за членство во НАТО.


Расмусен ги поздрави постојаните напори за придружување на Црна Гора во НАТО и ЕУ и и честиташе на спроведените реформи. Тој и се заблагодари и за нејзиното учество во мисијата ИСАФ во Авганистан.


Вујановиќ ја изрази подготвеноста на својата земја да продолжи со активностите со цел што побрзо членство во НАТО.


Црна Гора моментно е опфатена со Акциониот план за членство, кој се смета за предворје на полноправното членство во Алијансата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора