ВИДЕО: Рамуш Харадинај поднесе оставка од премиерската функција

Од:

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска поднесе оставка од функцијата, за време на оддржување на седница на косовската Влада, откако е повикан да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг, во својство на осомничен за воените злосторства.

Му го враќам мандатот на народот, и прво вас ве информирам за тоа. Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции за да не се создаде вакуум, официјално ќе ги информирам сите релевантни институции и секогаш ќе бидам верен на својата земја. Оставката е неотповиклива – изјави Харадинај на прес-конференцијата по седницата на Владата.

Харадинај истакна дека одговорноста сега оди кај претседателот Хашим Тачи, кој има задача да иницира консултации за одредување на датумот на новите избори.

– Повторно ќе ја барам довербата на народот. Јас не сум обвинет, туку сослушан. Јас сум одговорен за моите избори. Ќе се кандидирам повторно со мојата партија, но не можам да продолжам да ја водам Владата, бидејќи тоа ќе му наштети на Косово. Не го избрав ова и не мислам дека заслужувам да му го направам тоа на Косово, па затоа и нема.”, заклучи Харадинај.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он