Рама во Абу Даби се сретна со Борел

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама за време на посетата на Абу Даби остварил средба со високиот претставник на ЕУ за надворешни работи Жозеф Борел.

На објава на Фејсбук, шефот на албанската влада наведува дека разговарал со Борел за самитот што следната недела ќе се одржи меѓу ЕУ и Западен Балкан, ситуацијата во регионот, како и „отворениот конфликт меѓу Бугарија и Северна Македонија“ што, според него ја држи како заложник неговата земја.

-Средба со Жозеп Борел, главен дипломат и посредник на ЕУ во разговорите Косово-Србија, со кого разговаравме за Самитот ЕУ-Западен Балкан следната недела, ситуацијата во регионот, како и отворениот конфликт на Бугарија со Северна Македонија, каде како заложник е земена Албанија, пишува Рама.

Премиерот Рама е во официјална посета на Абу Даби, каде, како почесен гостин ќе присуствува на World Policy Conference.

„Абу Даби – почесен гостин на World Policy Conference, напиша Рама на Фејсбук објавувајќи фотографии од приемот во главниот град на Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

Став на Брисел: Европејците нема да гинат за Донбас

Борел: Лидерите на ЕУ ќе повикаат на постигнување одржлив прекин на огнот во Газа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Борел: Згрозен сум од масакрот на цивилите кои чекаа храна на северот на Газа

Горан Наумовски

Борел: ЕУ ќе предложи санкции против одговорните за смртта на Навални

Горан Наумовски

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД