Рама тврди дека го видел документот за промена на границите на Западен балкан

Од:

Албанскиот премиер, Еди Рама, го потврди постоењето на мапа во врска со промената на границите на Западен Балкан, пренесуваа албанските медиуми.

„Разговарав со Јанез Јанша многу одамна. Исто така, го имам видено документот што беше објавен. Немам коментар“, рече Рама во телевизиско гостување.

Словенечкиот портал Нецензурирано.си пред два дена објави документ, кој наводно предлага ревизија на границата меѓу Косово и Србија, обединување на Косово без северниот дел со Албанија, обединување на делови од Црна Гора и Македонија каде мнозинството е албанско население со Албанија, можноста за отцепување на Република Српска од Босна и Херцеговина и нејзино обединување со Србија, како и обединување на делови од западна Босна со Хрватска.

Европската унија повеќе пати повтори дека тие не знаат за таков документ.

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, чија земја ќе претседава со Европската унија во втората половина на оваа година, изјави дека тврдењата за постоење на тој документ се насочени кон нанесување штета на Словенија во ЕУ.

„Словенија сериозно бара решенија за развој на регионот и европската иднина за земјите од Западен Балкан и ваквите пишувања се обидуваат да ја спречат оваа цел“, објави Јанша на социјалните мрежи.

Тој вчера изјави дека не постои документ со кој Словенија би се залагала за промена на границите на Балканот.

Копија од наводниот документ беше објавена на англиски јазик од словенечкиот портал, но без да се објасни кој го составил и на кого бил упатен, пишуваат агенциите од регионот.

Би можело да ве интересира

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

О’Брајaн: Граѓаните ќе имаат јасен избор во претстојните месеци, помеѓу визијата за движење кон Европа и нешто сосема друго

Ковачевски: Планот за раст најсериозната политичка потврда од ЕУ за нејзините намери за интеграција на Западен Балкан

О’Брајaн: Никогаш не сте биле поблиску до ЕУ, ајде да ја завршиме практичната работа