Рама: Следните два дена по 13 часот на улица само војската, полицијата и медиумите

Од:

Откако армијата денеска излезе на терен внимателно да ја следи ситуацијата во врска со спроведувањето на мерките против ширењето на коронавирусот, албанскиот премиер Еди Рама доцна попладнево најави нови мерки.

Според Рама од утре до понеделник режимот на движење се менува, затоа што,како што наведува, немаме ниту час, а не денови за губење во едукација на непослушните.

– Така од утре движење ќе биде дозволено од 5:00 до 13:00 часот. Ова ќе важи и за трговските објекти за продажба на храна, за лекови или банкарски услуги. Движење ќе им биде дозволено единствено на прпаднците на армијата, на полицијата, специјалните државни служби и медиумските компании,најави Рама.

-Тој побара разбирање од граѓаните поради борбата со непрјателот кој не си заминува.-„Ова е војна и непријателот не си заминува, туку се приближува секоја минута! Нема да дозволме заради некои неодговорни да страдаат други,пишува Рама.

Во меѓувреме познати албански епидемиолози предлагаат да се дозволи движење на граѓаните само неколку часа на секои три дена, доколку не се сака и Албанија да ја снајде судбината на Италија.

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД