Рама: Сè уште немаме кандидат за претседател

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама, коментирајќи го и вториот неуспешен обид во парламентот за избор на шеф на државата рече дека нема партнер за да преговараат, додавајќи дека мнозинството сè уште нема кандидат за претседател.

-За танго потребни се двајца, ние не можеме да направиме танго зашто немаме партнер. Решението е човек кој треба ги исполни обврските кон Албанците, за да ја ослободи таа канцеларија од канџите на минатото. Сè уште не сме одлучиле кој да биде кандидат, зашто доколку имавме име ќе го ставевме на гласање, изјави Рама.

Тој на овој начин ги отфрли тврдењата на дел на политичари и аналитичари дека социјалистите веќе имаат свој кандидат и оти преговорите со опозицијата се само игра. Се споменува дека можни кандидатки за шеф на државата социјалистите се Мајлинда Брегу или Валентина Лескај.

Рама посочи дека ќе го чекаат и третиот круг па потоа ќе заседава Претседателството на Социјалистичката партија и пратеничката група па ќе дадат предлог до законодавниот дом.

Третиот круг на гласање треба да се одржи на 30 мај, кога со сигурност повторно нема да има кандидат бидејќи опозицијата се повлече од понатамошните преговори.

Уставот предвидува пет кругови на гласање. Во првите три потребно е кандидатот за претседател да добие поддршка од 84 пратеници од вкупно 140 колку што брои парламентот, кои социјалистите ги немаат. Во следните два, претседател се избира со просто мнозинство, односно 71 глас.

Мандатот на актуелниот претседател, Илир Мета, завршува на 24 јули.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија