Рама повтори дека СПАК треба да почне истрага за Бериша

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама денеска повтори дека Специјалното јавно обвинителство (СПАК) треба да почне истрага за поранешниот албански претседател и екс премер Сали Бериша, што е „нормално по неговото прогласување нон грата поради вмешаност во корупција“.

Претходно, тој на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија апелираше до СПАК да почне истрага за Бериша, за претседателот Илир Мета, за други корумпирани политичари, за судии и за обвинители.

– Мојата изјава од пред неколку дена на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја нарекоа притисок врз правосудството, всушност не, мојата цел е обвинителите праведно и рамноправно да ја истражуваат корупцијата. Никој не може да ми го одземе правото по разни прашања. Покажавме дека за нас нема ништо недопирливо. За нас, кој се занимава со правосудните органи, вратите на партијата му се затворени, истакна Рама.

Тој додаде дека, да се бара повеќе од правосудните институции, кога поминаа години од формирањето на СПАК, не значи притисок.

– Инаку, што би рекле по меѓународните изјави со кои се бара коруптивната политика да биде изведена пред лицето на правдата. Не, тоа не е притисок, тоа е поттик за одговорност, особено што правосудниот систем е најголемата инвестиција направена во овие три децении. Барањето истрага за поранешен претседател, експремиер прогласен за непожелен од САД, за работи поврзани со функционирањето на нашата земја, не е притисок, посочи Рама.

Во брзата реакција Бериша, изјавите на Рама за правда, ги смета за достојни ставови за Северна Кореја или режимот на неговите предци, кои според него ги дава за да се одвлече вниманието на албанските граѓани кои секојдневно се соочуваат со поскапување.

Тој го покани Рама на дуел за, како што рече, да си кажат се во очи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето