Рама: Посакувам да нема потреба да се собереме за уште една криза, туку да изградиме нешто за иднината на Европа

Од:

Албанскиот премиер, Еди Рама денеска во Прага во пресрет на почетокот на состанокот на Европската политичка заедница, во куса изјава за новинарите изразил надеж дека нема да има друга криза за да се одржуваат вакви средби.

– Ова не е нова идеја, тоа е многу стара идеја. Се роди во време на криза и се надевам дека нема да има друга криза, за да имаме уште една средба. Но, од оваа средба ние ќе продолжиме и ќе направиме нешто за иднината на Европа, за целата европска заедница и човештво, рече Рама, пренесува Топ чанел.

Рама додаде дека Албанија е дел од регионот на Западен Балкан, опкружена со земјите од Европската Унија како целина и за нас е „апсолутно клучно иако се уште не сме во ЕУ, да бидеме Европејци”.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Земјотрес во Албанија

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

ВИДЕО: Повторно хаос во албанскиот парламент, сесијата заврши предвреме поради немири

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

Горан Наумовски