Рама: По Косово, енергетски се поврзуваме и со Северна Македонија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека по ставањето во функција на далновод Албанија – Косово на 14-ти овој месец, следен предизвик за албанската Влада е изградбата на 400-киловолтниот далновод со Северна Македонија.

Шефот на албанската Влада објави дека се почнати активностите за интерконекциската линијата со Северна Македонија, додавајќи дека Албанија е во процес на проширување на енергетскиот пазар и со Италија и Црна Гора.

– Во моментот сме сконцентрирани во реализација на проектот за интерконекциска линија Албанија-Македонија, а само што ја пуштивме во употреба линијата Албанија – Косово, проект што го сметаше мојот претходник за историско право, но се претвори во приказна исто толку болна, колку што е смешна, а потоа блокирана неколку години со ветото на Србија, кое беше тргнато од балканскиот Шенген, рече Рама.

Според него, овој важен развој меѓу Албанија и Косово и од друга страна „проектот со Македонија се дел од низата големи промени што се случуваат“ и претставува „нова фаза во енергетскиот сектор“.

Тој посочи дека друга важна точка во домашниот енергетски сектор е потпишувањето на договорот со САД за изградба на Хидроелектраната „Скавица“ на реката Дрим, на албанско – македонската граница, кај Дебар. Рама е убеден дека со изградбата на „Скавица“ неговата земја ќе стане извозник на елекрична енергија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ветерот урна далновод во БиХ, избувна голем пожар, жителите се евакуирани