Рама: Отворен Балкан нема да запре

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека иницијативата Отворен Балкан нема да запре, бидејќи, според него – иднината не може да се запре.

Тој на Твитер објави дека противниците на иницијативата не гледаат или разбираат дека таа „промовира мир, соработка, интеграција и го забрзува Берлинскиот процес“. Отворениот Балкан нема да запре бидејќи иднината не може да се запре“, напиша Рама.

Оваа негова реакција следува по изјавите на косовската претседателка Вјоса Османи и нејзиниот црногорски колега Мило Ѓукановиќ дека на „Отворен Балкан“ треба да му се каже не.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски