Рама: Ништо не го менува ставот на Албанија дека Србија треба да го признае Косово

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама попладнево објави дел од говорот одржан вчера на Генералното собрание на Обединетите нации, каде се фокусира на прашањето за дијалогот Косово-Србија и односите меѓу нив.

dobivaj vesti na viber

Во својот говор Рама истакнал дека „ништо не ја менува позицијата на Албанија дека Србија треба да го признае Косово и време е ќор-сокакот во дијалогот да се надмине со храброст, од двете страни, за да се постигне решителен договор поддржан од ЕУ и САД“.

Рама порачал дека „најдобрата порака на Отворен Балкан, што сакам да ја споделам со вас денес е дека не е неопходно да се договориш за сè за да го оставиш зад себе темното минато и да градиме, чекор по чекор една поинаква иднина, справување со недоразбирањата на сè пољубезен начин и секогаш наоѓајќи сè повеќе и повеќе причини, оние добрите, за да се решат и недоразбирањата“.

-Зајакнувајќи ги односите со Србија и одејќи напред кон унапредување на билатералната и регионалната соработка, Албанија не мрдна и нема да мрдне ниту милиметар од својот непоколеблив став за поддршка на потребата секоја земја, дури и меѓу вас што не го сторила тоа, вклучително и Србија, да ја признае Република Косово, рекол Рама, пренесува државната агенција АТА.

Посочил дека е време Косово и Србија да го надминат „сегашниот ќор-сокак во нивниот дијалог и храбро да работат кон сеопфатен мировен договор, извршувајќи ги своите соодветни улоги за да усвојат договор поддржан од ЕУ и Соединетите американски држави“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во отсуство на осуда од ЕУ поради назначувањето на Рашиќ, никој од Србија нема да биде на Самитот во Тирана

Ана Ололовска

Брнабиќ: Срамна реакција на ЕУ, Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Ана Ололовска

Рама на средба со Штајнмаер изрази голема благодарност за германската поддршка

Ана Ололовска

Во Албанија годинава 80 новозаразени со ХИВ, меѓу нив и две деца

Ана Ололовска

Сунак и Рама разговараа за сузбивање на илегалната миграција

Ана Ололовска

Ескобар: ЗСО ќе биде формирана, тоа е обврска за Србија, Косово и ЕУ

Ана Ололовска