Рама: Нападите на северот на Косово се за осуда, Белград да влијае на Србите, ЕУ да интервенира

Од:

За последните случувања на северот на Косово реагираше албанскиот премиер Еди Рама, осудувајќи ги „нападите и поставувањето блокади”.

-Нападите врз ЕУЛЕКС се за секаква осуда без двоумење, како што е за осуда секој акт на насилство врз косовската полиција. Повторното појавување на барикадите на северот на Косово е во спротивност со секој закон и со секој дух на дијалог и не само што не решава ништо, туку напротив дополнително усложнува сè, стои во реакцијата на Рама.

Според него, одложувањето на изборите од страна на косовските власти е сигнал на кој Белград мора одговорно да одговори.

-Одложувањето на изборите од страна на претседателката на Република Косово е значаен сигнал, на кој високите власти на Белград мора да одговорат со ист дух и чувство на одговорност, како не би дозволиле натамошна ескалација на дестабилизирачките акти, посочува тој.

Белград, оценува, мора да го употреби своето влијание врз Србите од северот на Косово.

-Белград мора да го употреби своето влијание врз Србите на Косово, без да ги оправдува нивните постапки, без оглед на причините. За причини се разговара, а не се користат како оружје против полицијата и како барикада против правниот поредок. ЕУ треба итно да свика на дијалог, заклучува Рама во реакцијата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов