Рама му одговори на Мета: Грижи се за визата што си ја постави самиот себе си

Од:

Недоразбирањата и меѓусебните обвинувања меѓу двете клучни личности во Албанија,претседателот Илир Мета и премиерот Еди Рама продолжуваат.

По искажаната згриженост на шефот на државата Илир Мета за можноста од враќање на визниот режим за Албанија, експресно преку Твитер реагираше премиерот Еди Рама со совет да не го загрижува прашањето за визите и го обвинува дека токму тој е дел од фронтот против Албанија.

-Илир Мета да не се загрижува за враќање на визите (нема никаква шанса да се вратат визите),туку за визата која ја стави на фигурата шеф на државата со станувањето дел од политичкиот фронт против изборите и против правдата! Овој фронт против Албанија ќе пропадне. Срам! напиша Рама на Твитер.

Претседателот Мета изразувајќи загриженост во врска со опасноста од повторно воспоставување на визен режим со земјите од Шенген зоната за Албанија, упати апел под итно да се преземат сите неопходни мерки со тоа што „да не се запоставува или заобиколува каква било одговорност што би наштетила на оваа стекната слобода на Албанците“.

Загриженоста тој ја заснова на барањето на Холандија доставено до ЕК за враќање на визите за албанските граѓани и вчерашното предупредување на Комесарот за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос .

Комесарот Аврамопулос вчера изјави дека во првите четири месеци од годинава за азил аплицирале 7.138 албански граѓани што е за 30 отсто повеќе споредено со истиот период лани.

Аврамопулос понатаму додаде дека ако овој миграциски тренд продолжи ЕУ ќе преземе соодветни чекори и ја повика Албанија, како и Венецуела и Колумбија, од каде што има најголем прилив на азиланти, да ги почитуваат договорените правила.

Би можело да ве интересира

Рама: Ќе се сретнам со Курти, има потреба од нов поттик во односите меѓу Албанија и Косово

Ана Ололовска

Рама по негативната одлука од Брисел: Тоа е судир меѓу големите, ние ги завршивме нашите задачи

Рама: Нема предвремени избори ако не се отворат преговори со ЕУ

Ана Ололовска

Курти: Не е потребна трета светска војна за обединување на Албанија и Косово

Ана Ололовска

Албанскиот писател Исмаил Кадаре добитник на Меѓународната награда за литература „Neustadt“

Ана Ололовска

Рама по средбата со Хан: Направивме тоа што Брисел го бараше од нас