Рама: Ќе се сретнам со Курти, има потреба од нов поттик во односите меѓу Албанија и Косово

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во наредните денови ќе се сретне со Албин Курти, победникот на предвремените парламентарни избори во Косово, одржани на 6 октомври.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се сретне со Курти, Рама рече дека ќе се сретне деновиве и оти се согласува со ставот на Курти дека има потреба од нов поттик во односите меѓу двете држави.

– Ќе се сретнеме во деновите што доаѓаат, на негово барање. Со нетрпение ја очекувам средбата. Со внимание ги следам неговите изјави и се согласувам дека има потреба од нов поттик во односите меѓу двете земји и постигнатите договори. Со новата косовска влада се надевам дека ќе ги пополниме празнините создадени од претходната влада, изјави Рама.

Тој рече дека и Косово и Албанија треба да имаат државни министерства кои ќе се занимаваат со односите меѓу двете земји.

– Имам неколку нови предлози што ќе му ги дадам. Мислам дека треба да формираме државни министерства за соработка меѓу двете земји, кои ќе го следат спроведувањето на договорите и да оценуваат што треба понатаму да се прави, со цел да се подобрат односите и соработката. Се надевам дека Курти ќе преземе одговорност и ќе премине од опозициската поезија во проза на управување, рече шефот на абанската Влада.

Тој додаде дека со големо задоволство ќе дискутираат и за „новите идеи на Албин“.

Би можело да ве интересира

Буџуку: Бараме отворање на сите бизниси пред први јуни

А1он

Тачи одбива да учествува во преговори со Србија водени од посредниците од ЕУ

А1он

Косовската влада презела обврска за примена на сите договори од Брисел и оној за ЗСО

Ана Ололовска

Мета: Од денес ќе имате многу официјален претседател

Ана Ололовска

Албанија од 1 јуни ги отвора границите, но само за Албанците од регионот

А1он

Курти: Избори ќе има во јули во Северна Македонија, треба да се организираат и во Косово

А1он