Рама: Ќе дојде конечното признавање, Косово нема да чека колку што чекаше за независноста

Од:

Албанскиот премиерот Еди Рама во обраќањето на заедничката седница на парламентите на Албанија и на Косово, оцени дека ќе има конечно признавање на Косово и дека за тоа нема долго да се чека.

-Верувам дека неговото конечно признавање ќе дојде порано и дека Косово нема да чека онолку долго колку што ја прогласи својата независност, конечно да биде меѓународно признато и да биде присутно во секој случај на целата општа организација на светот во кој живееме, рече Рама.

Односите меѓу двете земји тој ги оцени како одлични и многу продуктивни.

-Односите меѓу Албанија и Косово денес не се само одлични, бидејќи ние сме две земји разделени со две држави, но обединети на срце, но тие се уште попродуктивни од кога било досега. Тоа го покажуваат фактите, не само средбите , но по волја и постигнување на способноста. Доволно е да се погледнат податоците за комерцијалните размени или слободата на движење што до вчера изгледаше невозможна, или заедничкиот буквар или заедничката работа за албанскиот енциклопедиски речник и историја на Албанците, додаде Рама.

Тој понатаму рече дека прогласувањето на официјален албански јазик во Северна Македонија и првиот албански премиер во Црна Гора се уште едно достигнување кое досега не се замислувало.

Тој не заборави да о спомене и поранешнот косовски претседател и комндант на ОВК, Хашим Тачи, кој „многу недостига на денешнот исторски ден за нацијата“.

Во Тирана денеска се одржува прва заедничка седница на парламентте на Албанија и на Косово, по повод одбележувањето на 110-годишнината од независноста на Албанија.

Косовскиот премиер Албин Курти, кој се обрати пред Рама порача дека Приштина и Тирана не треба да се среќаваат само на празници, туку треба почесто да работат заедно и да ги прифаќаат меѓусебните критики.

-Нашиот простор, култура и економија не се феуди што некому му припаѓаат. Треба почесто да бидеме заедно, не само на прослави. Мораме да споделуваме идеи меѓу себе и да ги прифаќаме критиките, да работиме меѓусебно, рече Курти.

Курти изјави дека нивните предци се бореле за дом на сите Албанци, отворен за пријателите кои придонесуваат за мирот.

-Во Приштина со нетрпение го очекуваме секој успех на Албанија, која направи големи чекори напред. Сигурен сум дека и вие сте подеднакво среќни за нашите успеси, нагласи тој.

Претходно обраќање маа претседателте на парламњнтте Лндита Никола и Глауф Коњуфца, како и координаторте на пратеничките групи.

Пред обраќањето на Рама собраниската сала ја напуштија пратениците на Демократската партијата приврзаници на Сали Бериша. Нему не му беше дозволено обраќање туку на Енкелејд Алибеј кој е вршител на должноста претседател на демократите по оставката на Љуљзим Баша.

Владите на двете земји пак, во јуни годинава ја одржаа осмата заедничка седница а првиот заеднички состанок беше во 2014 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Пукање во Грачаница

Приведени тројца Албанци кои избодеа Србин на Косово

Горан Наумовски

Млад Србин избоден со нож во Косово

Горан Наумовски

Дачиќ: ЗСО е предуслов на сите предуслови

Ана Ололовска

Поранешниот претседател на „Самоопределување“ тврди дека Курти веќе одлучил да се формира ЗСО во Косово

Ана Ололовска

Тензии во албанскиот Парламент по барањето на опозицијата за расправа за вмешаноста на Рама во случајот „Мекгонигал“