Рама и Дендијас се договориле прашањето на поморската граница меѓу Грција и Албанија да го решаваат меѓународните инстанци

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на денешната прес конференцја со шефот на грчката дипломатја, Никос Дендиjас, рече дека прашањето за морската граница меѓу двете земји ќе биде упатено во меѓунарoдните инстанци.

Тоа значи дека ова прашање, едно од најдебатираните, ќе добие најдобро решение „со интервенција на меѓународните инстанци и во согласност со морското меѓународно право,“ рече Рама.

-Му благодарам на министерот,што независно од фактот што во одредени моменти имавме тензија, Грција никогаш не била пречка на нашиот пат кон ЕУ и мило ми е што се согласуваме дека прашањата извезени во Брисел не се решливи. Јас сум јасен, денес сите имаат отворено уво за следната инвазија на Грција преку море, но такво нешто нема да има. Денес со задоволство можам да кажам дека ова прашање ќе го решаваме во меѓународните инстанци, да ги решиме точките врз основа на експертиза и меѓународното поморско право,рече Рама.

Ова прашање, додаде Рама, веќе не е прашање што ќе биде под наша дискреција, ниту според дискреција на Грција, туку ќе биде во дискреција на меѓународната правда и ние, истакна тој, целосно се согласуваме.

-На овој начин ќе се фокусираме на економската, регионална соработка на луѓето, да го направиме најдоброто за албанските граѓани од грчка националност што живеат во Албанија и за грчките државјани или се уште негрчки државјани од албанска националност, кои живеат во Грција, рече Рама.

Порачувајќи и на опозицијата, да си најде друго прашање за искажување на лажен патротизам, Рама нагласи дека „прашањата од национал-фолклорниот патриотизам не се прашања на нашите влади“.

Од своја страна, Дендиас, рече дека „решавањето на оваа прашање ќе биде од корист за двете земји“.

-Со голем интерес ја слушнав согласноста на премиерот Рама дека решението за ова прашање ќе се заснова на односите и договорот на ООН каде што двете земјиомаме потпшано. Многу сум среќен за ова, да го повторам она што премиерот само го кажа, дека со анализа на ова прашање и испитување на ова прашање, се согласивме да ги поминеме како Албанија и Грција, заедно, кон меѓународното право во Хашкиот трибунал, рече Дендиjас.

Според него овој договор меѓу Албанија и Грција се заснова на став на двете земји за решавање на прашањето.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов