Рама и Баша го честитаа изборот на новата косовска Влада

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама го честиташе изборот и `и посака среќа на новата влада на Косово.

Преку објава на Твитер, Рама истото и го посака и на опозицијата во Косово, надевајќи се дека и двете страни ќе работат заедно за доброто на земјата.

„И посакувам на нова влада на Косово и на опозицијата среќна и успешна работа во интерес на народот и нивната држава, со верба и надеж дека по еден не толку лесен период на превирања во процесот на демократската зрелост, тие ќе направат заедно добра работа за Косово“, напиша Рама.

Преку Твитер реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија,Љуљзим Баша.

Честитајќи му го изборот на новата влада во Приштина Баша оценува дека консолидацијата на државата, евроатланските интеграции, заштитата на интегритетот и суверенитетот на Косово, се предизвици, чие успешно реализирање е во интерес не само на Косово и нејзиниот народ, туку се неопходни за мировните и интегративните процеси на целиот регион.

„И посакувам успешна работа на новата влада на Косово и на премиерот Хоти во успешно исполнување на стратешките цели на Косово и на најдобрите интереси на нејзините граѓани. Демократската партија на Албанија денес во опозиција а утре на власт секогаш ќе биде на страната на Косово, на страната на нејзините граѓани, со непоколебливо убедување дека успехот на Косово е успех на националниот интерес на сите Албанци, напиша Баша.

Новата косовска влада на чие чело е Абдулах Хоти законодавниот дом во Приштина ја изгласана вчера.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов