Рама го нападна Харадинај: Албин може да биде сè, но никогаш слуга на Србија

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама реагираше по одлуката на косовскиот премиер Албин Курти за укинување на царината за прозводи што се увезуваат од Србија и Босна и Херцеговина и реакциите на косовските политичари по ова прашање.

Притоа го нападна поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај за кого напиша: „Бесрамно, Рамуш започнал да го валка Албин Курти“.

„Албин може да биде сè, но никогаш слуга на Србија. Посакувам да не потклекне на ниските напади за намалувањето на царината, што го уништија меѓународниот углед на Косово и ја направија Србија жртва во очите на светот“,  напиша Рама на Твитер.

Рама додава дека со воведувањето на царината се ставило јаже на вратот на Косово.

„Никогаш не се слушнал поголем идиотизам од проповедта дека царината ќе му донесе признавање на Косово од страна на Србија и ништо не му направило поголема штета на Косово од таа царина со повикот од Србија за нарушувања на ЦЕФТА правилата, јаже околу вратот на Косово, посочува Рама.

Според него Албин Курти е на вистинскиот пат.

„Намалувањето на царинските давачки, ќе биде неговиот прв ден како премиер во канцеларијата, повеќе не како лидер на опозицијата во кабинетот на премиерот. Треба да се соочи со етикетата „предавник“, таа етикета ги разликува лидерите на мирот од воените статуи “, заклучува Рама. 

Би можело да ве интересира

Курти: Србија ги копира руските методи за да му се заканува на Косово и целиот регион

А1он

Курти го обвини Белград за прекинот на струја во Косово: Терористички напад

Курти: Министрите за правда работат на решавање на екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ

А1он

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина