Рама ги нападна Европјаните: Вие сте сега националисти, а не ние Балканците

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама на виртуелниот Самит за западен Балкан, не штедеше критики кон ЕУ и рече дека иако самата ЕУ зборува за гаснење на национализмите на Балканот, всушност тоа ги покажува нивните национализми што го попречуваат процесот на интеграција за Албанија и земјите од Западен Балкан, пренесува телевизијата „Топ Чанел“.

-Како прво, би сакал да ви се заблагодарам многу искрено за почетокот и поддршката за сето ова време на овој процес и за вашата силна и непоколеблива посветеност кон нашиот регион. Знам дека не ви се допаѓаат пофалби, но всушност сметам дека процесот што го започнавте навистина беше многу важен за одржување во живот на она што, патем, го гасне ЕУ, пламенот на надежта за иднината, рече меѓу другото Рама.

„Зборувајќи за тоа, мислам дека е многу важно да имаме повеќе авторство во процесот, онолку колку што е важно така да процесот се комбинира со зголемените напори на Комисијата, засновани на новиот економски и инвестициски план“, додаде Рама.

-Тажно е и секој знае дека во меѓувреме, процесот на европска интеграција на целиот регион во ЕУ, кој некогаш се гледаше и беше прикажан како вистински начин за потчинување на балканските национализми, сега се претвори во процес потиснат од национализмите на ЕУ. Понекогаш тука а понекогаш таму, национализмите во ЕУ значително го комплицираат нашето европско патување и играат спротивна улога. Сепак, како што легендарниот Доналд Трамп велеше: „Ова е тоа што е“, така што треба да одиме напред со она што го имаме, посочи Рама.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски

Курти за средбата со Рама и Таравари: Мора да бидеме еден за друг

Рама: Планот за раст на Западен Балкан е голем тест на зрелоста што треба да го поминеме

Горан Наумовски

Рама од Скопје: Границата помеѓу Косово и Србија е вон контрола, да се зголеми бројот на силите на НАТО

Орце Костов