Рама: Германија го поддржува „Отворен Балкан“ и бара итно потпишување на договорите за заеднички регионален пазар

Од:

Албанскиот премиер Еди Рама во објава на Твитер, наведува дека германската влада ја поддржува иницијативата „Отворен Балкан“ и побарала итно потпишување на договорите за заедничкиот регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври.

-Прекрасно! Германската влада го поддржува „Отворен Балкан“, наспроти она што на луѓето во Приштина и Тирана им го велат оние што не прашуваат за Америка. И не само тоа, бара итно потпишување на договорите за заеднички регионален пазар пред Самитот ЕУ-Балкан на 6 октомври! Отворен Балкан, според германската влада треба да биде сеопфатна и да, се разбира, треба да биде така. Затоа, вратата е отворена, но ние насила не можеме да вклучиме никого, ниту пак можеме да чекаме додека им се наполни умот на оние кои не сакаат да разберат дека ова е патот на иднината, напиша Рама, пренесува Топ чанел.

Според телевизијата иницијативата Отворен Балкан, во која се вклучени Албанија, Србија и Северна Македонија не е поддржана од сите земји во регионот.

-Меѓународната заедница побара од нив да создадат заеднички пазар, но тоа не се случи, бидејќи од една или друга причина не беше поддржана од сите земји, наведува телевизијата.

Додава дека германскиот пратеник, Петер Бејер рекол дека Берлинскиот процес, Минишенген, Отворен Балкан, сите во суштина имаат идеја за регионална соработка. Затоа, на прашањето како да се справите со Отворен Балкан, тој одговорил: „Бидете дел од него“.

Вчера, за првпат, во долга реакција на Фејсбук, им порача на оние кои го критикуваат поради иницијативата „Отворен Балкан“дека тоа е новата можност на патот кон признавање на Косово од страна на Србија и дека„ Албанија нема да се повлече од иницијативата која како главен актер го има и официјален Белград“.

Би можело да ве интересира

Османи: На седница на Владата ќе предложам излегување од иницијативата Отворен Балкан

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето

Со еден клик до работни места во Србија и Албанија: Нова можност за македонските граѓани

Орце Костов

Почнува единствениот пазар на труд на Отворен Балкан

Горан Наумовски

Рама: Приштина да не презема никакви чекори без консултација со САД

Рама: Историски момент е утрешниот избор на прв премиер Албанец во Македонија

Катерина Ѓуровски