Рама: Далноводот Албанија – Косово е историски настан и потврда што значи „Балканскиот Шенген

Од:

Далноводот Албанија – Косово, што денеска е пуштен во употреба, албанскиот премиер Еди Рама го оцени како историски настан кој го продолжува патот чиј крај ќе биде интеграција во европското семејство и позитивен пример што значи балканскиот Шенген.

Во обраќањето на свеченоста Рама потсети дека напорите за тоа почнале во 2010 година, но оти тогашната Влада не го завршила проектот во предвидениот двегодишен период поради „необјасниви причини“.

Тој додаде дека неговата Влада почнала со реализација на овој проект 2014 година, а го финализирала во 2016 година, но не бил пуштен во функција поради ветото на Србија.

Според него, овој проект денеска станал реалност по заслуга на „Балканскиот Шенген“, додека албанскиот електро-енергетски простор што се создава денес е пример за регионалниот пазар и крајната цел е интеграција на европскиот пазар.

– Конечно успеавме да го дочекаме овој ден, што всушност, ако се вратиме и ја погледнеме историјата на овој процес, траеше долго. Беше февруари 2010 година, пред точно 10 години кога владата на Албанија одобри изградба на далеководот Албанија-Косово. Според заложбата на претходниот премиер, линијата што би се завршила во рок од две години, беше еден од најголемите проекти, со потенцијал за регулирање на енергијата, но никогаш не започна со работа. Но, не само што не започна туку и нашиот електроенергетски систем се деградираше се додека не стана угнетувачки товар на државата, заканувајќи и се дека ќе ја банкротира. Во 2014 година нашата нова влада започна со имплементација на овој голем проект, и го финализиравме за две години, во 2016 година. Но, не профункционира поради ветото на Србија, која тоа го условуваше со зависноста на косовскиот енергетски систем со српскиот. Тој остана заложник на формалност, во отсуство на политичка волја, рече меѓу другото Рама.

Тој додаде дека тоа е постигнато со поддршка на САД и на ЕУ поврзано со иднината на овој регион, кои побарале отстранување на ветото и функционирање на овој проект.

– Ова е еден од најголемите проекти во историјата на две земји, велам држави, бидејќи сме една земја со две држави. Крајот на оваа приказна му дава живот на овој проект денес. Независен простор, на поширок регионален пазар, што е и алка на поширок систем како европскиот. Пуштањето во употреба на 400 киловолниот далековод ќе има голем импакт врз Албанија и значително ќе ја зголеми мрежата за интерконекција на системот за пренос. Ова е одговор за лажните патриоти кои ги попречуваат економските проекти, да ги разберат нашите напори и што всушност значи Шенгенскиот регион, посочи Рама.

Според него ова не значи примопредавање на независноста на Косово, туку нејзино зајакнување.

– Ние денес сме помоќни. Во Косово е познато дека има голема цена бидејќи зависи од производството од термоцентрали. Ние сме во услови кога можеме да ја рационализираме нашата моќ. Во Албанија првпат сме ставени во услови кога управуваме со вишоци или недостатоци. Ова е време што доаѓа како израз на суверена волја на две суверени држави. Ова е регионален Шенген. Така се решаваат проекти кои имаат големо значење и остануваат заложници на големи расправии, кои ги спречија Албанците да гледаат подалеку од нивниот нос. Ова е пример за искористување на капацитетот на суверенитет при спроведување на далекусежна политика, посочи Рама.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви