Рама: Целиот процес на обнова по земјотресот ќе заврши во 2021 година

Од:

Жителите во албанските села погодени од катастрофалниот земјотрес на 26 ноември ќе имаат свои нови домови во текот на 2020 година. Во видео порака на Фејсбук, албанскиот премиер Еди Рама вели дека се надева оти дел од жителите од селските населени места Новата 2020 година ќе ја дочекаат во нови домови.

Што се однесува до жителите во градовите чии домови исто така беа урнати или оштетени од земјотресот, Рама рече дека процесот на обновата се очекува да заврши до јуни 2021 година.

Тој зборуваше и за реакцијата на надлежните кон оние кои злоупотребиле при градбата на објектите кои се урнаа, додавајќи дека првите апсења се веќе направени и оти акцијата продолжува. Инаку, по ултиматумот на државниот јавен обвинител Олсијан Чела акцијата на апсење почна од Драч. Тимовите за истраги за земјотресот во Драч потпишаа 17 налози за притвор на инвеститори, градежни инженери и официјални лица поради прекршување на безбедносни стандарди при градење.

Уапсени се девет лица, додека по другите се трага, но постојат сомневања дека ја напуштиле земјата.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија