Рама: Безбедносните мерки на денот на Самитот не се преговараат со никого, за нив одлучува Совет на Европа

Од:

Зборувајќи за безбедносните мерки кои ќе се преземат за време на одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан, на 6 декември во Тирана, премиерот Еди Рама рече дека „безбедносните мерки на денот на Самитот не се преговараат со никого“.

-За мерките за безбедност не се преговара со никого, за нив одлучува Совет на Европа, секаде каде што има активност има стандардни мерки, нашите сили работат со организаторите на самитот кои всушност долго време се во СЕ за безбедносни мерки. Затоа не се работи за мислења, туку за строги мерки, уште повеќе кога лидерите на ЕУ ќе дојдат овде, каде што без дискусија има екстремни безбедносни мерки за нив. Никогаш не се случило целиот континент да дојде во Албанија со јасен израз на почит кон Албанија и да ја гледа Албанија како клучен фактор во регионот изјави Рама, по седница на владата.

Тој се задржа и на протестот што на овој ден што го свика Сали Бериша и покрај одбивањето на полицијата да даде дозвола за тоа.

-Овде нема страна што се повлекува или не. Има активност која е најважна во историјата на државата. Никогаш не се случило сите лидери на ЕУ да дојдат во Албанија, што е поддршка на таа линија која ја гледа Албанија како клучен фактор во регионот. Овие приказни од 1912 година кои продолжуваат, не можеме да ги одбегнеме, но нема да дозволиме за ја стават во заложништво ниту Албанија, уште помалку овој самит. Станува збор за безбедноста на самитот и за сите лидери и делегации. Не гледам врска со Мујо и Халил, посочи Рама.

Бериша, кој е лидер на побројното крило на Демократската партија, претходно, денеска, изјави дека на датумот кога ќе се одржи самитот, пред владата, од 12 до 16 часот, ќе се одржи протест „невиден за Тирана, за да им се каже на лидерите на Европа дека Рама не го претставува албанскиот народ и е непријател на сите темелни вредности“.

Учеството на протстот вчера, по средбата со Бериша, го потврди и лидерот на Партијата на слободата и поранешен претседател Илир Мета.

-Безбедноста на Европа е загрозена од мафијата која и се заканува на Албанија да ја претвори во нејзина логистичка база. Безбедносниот проблем не доаѓа од граѓаните на Тирана и оние од цела Албанија кои протестираат, рече тој.

Тој како и Бериша најавуваат мирен протест, иако на булеварите „Народни Херои“ и „Италија“, на 6 и 7 декември, во рамки на безбедносните мерки, е забрането секакво движење, освен со акредитација.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тензии во албанскиот Парламент по барањето на опозицијата за расправа за вмешаноста на Рама во случајот „Мекгонигал“

Граѓаните од западен Балкан во Албанија ќе може да влегуваат со лична карта

Во Албанија се демонтираат камери поставени од криминалци за ја следат полицијата

А1он

Дознаките на албанските иселеници минатата година 1,1 милијарда евра или 10 отсто од БДП

И Партијата на Грците во изборна коалиција со Бериша

Ана Ололовска

Албанија: Нападот на синагогата во Ерусалим е страшен терористички акт

Ана Ололовска