Радмановиќ: Ако половина од членките на ОН го признаат Косово и РС има право да се одвои од БиХ

Од:

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Небојша Радмановиќ, по повод честото повлекување паралели меѓу Република Српска и Косово потсети дека парламентот на РС усвои декларација според која, кога половината од членките на ОН го признаат Косово, тогаш и РС ќе има право да се одвои од БиХ.

-Кога половината од членките на ОН ја признаат косовската независност, РС ќе смета дека е променет меѓународниот систем и дека тогаш РС ќе има право да се одвои од БиХ, рече Радмановиќ, пренесе РТС на РС.

Радмановиќ, инаку, смета дека европскиот пат на БиХ не е замрзнат, како што неодамна, при посетата на Сараево, изјави европскиот комесар за проширување Штефан Филе.

Филе, имено, реагирајќи на неможноста на партиските лидер во БиХ да се договорат за примена на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сејдиќ-Финци“, кажа дека европскиот пат на БиХ е замрзнат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На плоштадот Краина во Бања Лука се одржува голем народен митинг „Србија те вика“

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина