Радман најави укинување на американските визи за Хрватите

Од:

САД треба да ги укинат визите за Хрватите до крајот на годинава, а двете држави ќе потпишат договор за избегнувње двојно оданочување, изјави во Минхен хрватскиот министер за надворешни работи и европски прашања Гордан Грлиќ Радман.

Хрватска, Романија, Бугарија и Кипар се единствените членки на ЕУ на кои САД се уште не им ги укинале визите.

Полска беше исклучена од визниот режим кон крајот на минатата година.

Радман се состана со американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска во Минхен и по средбата истакна дека и визите и двојното оданочување треба да бидат решени до крајот на годината.

Ние ги исполнивме сите (услови) и ова е актуелно прашање. Тоа е во интерес и на хрватските и на американските бизнисмени, истакна Грлиќ Радман пред новинарите.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска