Радев за 15 април ја закажа првата седница на новоизбраниот бугарски Парламент

Од:

Бугарскиот претседател, Румен Радев, го потпиша указот за свикување на првото заседание на новото 45-то Национално собрание на Бугарија, на 15 април 2021 година, соопшти прес-службата на шефот на државата.

Указот се очекува утре да биде објавен во вонредно издание на Службен весник.

Претходно денеска Службен весник ги објави имињата на пратениците и нивната политичпка припадност во 45-тото Национално собрание, што беше клучно за бугарскиот претседател да го издаде декретот за свикување на новоизбраниот парламент.

Виско позиционираниот претставник на владеачката партија ГЕРБ, Георги Георгиев, коментира дека логиката е лидерот на партијата со најмногу гласови на парламентарните избори да треба да биде премиер. Тој, исто така, за БНТ изјави дека ГЕРБ има подготвен владин кабинет, без да споменува имиња.

Електронското софиско издание „Факти“ јави дека владеачката партија во Бугарија за премиер го подготвува Даниел Митов, поранешниот шеф на дипломатијата во втората влада на Борисов.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит