Радев утре ги почнува консултациите за состав на новата бугарска Влада

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев ќе одржи консултации со претставници на пратеничките групи од 46-то Национално собрание, пред да му го предаде мандатот за формирање нова влада на кандидатот за премиер што ќе го номинира најголемата партија во парламентот.

Консултациите со пратеничките групи, предвидени со бугарскиот Устав, Радев ќе ги оддржи утре во претседателската институција.

Први кои се поканети во претседателството се победниците на изборите од 11 јули, „Има таков народ “, еден час по нив ќе влезат од ГЕРБ-СДС, потоа „БСП за Бугарија “, додека попладне се планирани средбите со „Демократска Бугарија“, по нив ДПС, и на крајот од „Исправи се БГ! Доаѓаме!”.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит