Радев: Се надевам дека социјалистите ќе се обидат да состават влада на демократската алтернатива

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека денеска е важен ден за Бугарската социјалистичка партија, која заслужено ќе го добие на 5 мај третиот мандат за формирање на нова влада во земјата, со оглед на третото место освоено на парламентарните избори.

Радев изрази надеж дека бугарските социјалисти ќе ја искористат оваа можност во обид да формираат кабинет на демократската алтернатива заедно со другите партии, што ги изразува очекувањата на луѓето за промена.

Тој истакна дека уставна одговорност на претседателот е да назначи привремена влада само доколку партиите во Парламентот не успеат да формираат редовна влада.

На прашањето кога ќе закаже предвремени парламентарни избори во Бугарија, Радев нагласи дека тоа не зависи од него, туку од текот на уставната постапка за формирање влада.

– Го чекаме развојот, сè ќе се одлучи оваа недела, изјави Радев и ги нарече инсинуации информациите дека претседателот стекнал нови права над Централната изборна комисија во Бугарија, според измените направени од бугарскиот Парламент.

Според него, „и претходно, а и сега, претседателот не избира, туку именува членови на ЦИК номинирани од Националното собрание. Разликата е во јавните консултации, кои според новиот закон нема да се одржат во Националното собрание, туку во претседателската институција, како што било до 2014 година“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит