Радев предупредува за ризик од светска војна

Од:

Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален. Има политичари кои се подготвени на таков опасен чекор – да ја загрозат иднината на Бугарија во интерес на нивните себични цели, нагласи денеска претседателот на Бугарија Румен Радев во обраќањето по повод Први мај.

Шефот на бугарската државата повика да не се дозволи „да се шират воените страсти во државата, да не толерираме политички шарлатани да ги поттикнуваат за своја употреба“.

Тој посочи дека денешните социјални бенефиции не се добиваат бесплатно, туку се добиени со волја и труд на неколку генерации.

„Војната е најголемиот непријател на трудот. Уништувањето го брише создавањето. Она што е градено со векови исчезнува за неколку секунди. Оваа година го славиме празникот додека во срцето на Европа одекнуваат експлозии… Бугарија веќе трпи индиректни штети од оваа војна во енергетиката и економијата. Зголемувањето на цените тоне се повеќе Бугари под прагот на сиромаштија. Ризикот војната да ескалира како паневропска, па дури и глобална е реален. Нашите домови, нашите деца, нашата татковина и природата можат да станат жртви на оваа ескалација“, предупреди Радев.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов

Радев го поздрави испраќањето на амандманите во Собрание: Прв многу важен чекор, а не последен

Орце Костов

Радев: Новата влада треба да се грижи за бугарската армија, а не за воена помош за Киев

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Румен Радев: Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостатокот на реформи

Орце Костов