Радев: Парламентарни избори во Бугарија пред 15 септември не се целисходни

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев утре ќе и го додели првиот мандат за формирање нова влада на најголемата парламентарна партија во земјата „Продолжуваме со промените“.

dobivaj vesti na viber

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според претседателот на Бугарија Румен Радев, не се исцрпени можностите за формирање нова влада во овој парламент. Доколку воопшто се одржат предвремени парламентарни избори, тие не би биле целисходни пред 15 септември.

Според него, важно е да има што поголема изборна активност. – Можете да процените, враќајќи се два месеци наназад, кога најрано може да заврши враќањето на мандатите“, рече Радев. Тој нагласи дека е важно мислењето на партиите да се слушне и да се земе предвид.

Румен Радев одби да ги коментира неуспешните консултации во понеделникот со бугарската владејачка партија Продолжуваме со промените и нејзиниот партнер, Бугарската социјалистичка партија, во врска со состанокот на парламентарната комисија за буџет и разгледувањето на неговата ревизија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Аналитичари: Претседателот Румен Радев ја турка Бугарија кон претседателска република

Радев ги закажа парламентарните избори за 2 октомври, привремен премиер е Галаб Донев

Румен Радев им го врачи третиот мандат на бугарските социјалисти за формирање нова влада

Радев: Ако биде вратен вториот мандат за формирање влада, ќе повикам на партиски консултации

Румен Радев во посета на Црна Гора

Радев денеска ќе го врачи мандатот за состав на новата бугарска влада