Радев: Одбранбените ресурси треба да придонесуваат и за сопствен економски развој

Од:

Самитот на НАТО не треба да се претвори во внатрешно-политичка трибина, туку треба да придонесе за зајакнување на единството и зголемување на безбедноста, изјави претседателот Румен Радев пред состанокот на шефовите на држави и влади на земјите членки на НАТО во Лондон.

Како што соопшти прес-службата на Претседателот, според него, „проблемите и постојните противречности мора да бидат поставени искрено и да имаат конструктивна дебата, каква што се очекува“.

Радев истакна дека пред пет години сите земји-членки се обврзаа на зголемување на трошоците за одбрана, но дека тоа мора да биде транспарентно и ефикасно.

– Квантитативниот критериум не треба да биде единствената мерка, туку важно е и како овие инвестиции се претвораат во одбранбени способности и еднакво е важно тие да придонесат за сопствен економски развој и зајакнување на социјалните системи, а не за нивно осиромашување, истакна претседателот Румен Радев.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија