Радев кон Ердоган: Турција е наш многу важен партнер и сојузник

Од:

За време на самитот на Европската политичка заедница во Прага денеска средба одржаа бугарскиот и турскиот претседател Румен Радев и Реџеп Тајип Ердоган, јавија локалните бугарски медиуми.

dobivaj vesti na viber

Како што јави дописникот на МИА од Софија, главна тема меѓу Радев и Ердоган била енергетиката.

-Турција е многу важен партнер на Бугарија, нејзин сосед и сојузник особено во време на тешка енергетска криза, изјави Радев, според кого, важно е Бугарија и Турција да ги развијат меѓусебните односи во енергетската сфера.

Радев додаде дека засега единствениот безбеден гас во Бугарија, за кој има долгорочен договор, е гасот што доаѓа од Азербејџан и поминува низ Турција.

Според него, важна е улогата на Турција во гарантирањето на слотови за танкерите за течен гас за Бугарија.

Бугарскиот претседател кажа дека е исклучително важно на овој форум во Прага да бидат привлечени земјите-партнери на Европската унија, како Норвешка и Азербејџан, од каде всушност доаѓа гасот во ЕУ.

Според Радев, Турција е во Прага како клучна земја за Бугарија за доверливоста на испораките за Југоисточна Европа.

Радев коментираше дека и Бугарија има се поголема улога во овој контекст како земја транспортер на гас и иницијатор на иновативни решенија, што, според него, јасно се покажа на отворањето на интерконекција Грција-Бугарија во саботата во Софија.

Бугарскиот претседател ја пофали средбата во Прага и рече дека тоа е одлична основа за натамошна работа на енергетиката, транспортот и дигиталното поврзување, додавајќи дека Бугарија треба уште подобро да ја искористи својата географска положба како земја што ги поврзува Азија и Африка во Европа.

Радев во Прага оствари средба со премиерот на Холандија Марк Руте на која се разговараше за можностите за пристапување на Бугарија во Шенген.

Би можело да ве интересира

Радев до Руте: Оставањето на Бугарија надвор од Шенген зоната не е во интерес на Европската унија

Ана Ололовска

Бугарскиот технички премиер Гулаб Донев ја прими косовската претседателка Вјоса Османи

Ана Ололовска

Двајца бугарски министри во посета на Хаг поради Шенген

А1он

Борисов предложи експертска влада на 6 месеци, Петков ја отфрли идејата

Ана Ололовска

(ВИДЕО ) Бугарскиот пратеник Костадинов од Скопје: Треба да бидеме една држава, ние сме еден народ со ист јазик

Орце Костов

Турција: „Неутрализирани се“ 326 курдски милитанти

А1он