Радев ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност

Од:

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека ќе го свика Советодавниот совет за национална безбедност со цел да се разговара за односот на Бугарија кон Република Северна Македонија и да бара консензус со сите политички партии во новиот бугарски парламент. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев додаде дека за ова прашање е разговарано и со новиот премиер на Бугарија Кирил Петков.

-Бугарија ќе ја отвори вратата на Република Северна Македонија само со гаранции и заштита на нејзиниот национален интерес. Доколку се постигне такво решение, тоа ќе биде историски чин, но да не заборавиме дека овој процес – и како време и како резултат, е целосно во рацете на земјата кандидат, изјави бугарскиот претседател Радев.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина