Радев категоричен: Бугарија нема да ги признае резултатите од референдумите што Русија ги спроведува

Од:

Одлуките на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација ќе го ескалира конфликтот и е безбедносна закана со тешко предвидливи последици. Ова го изјави претседателот Румен Радев, јави репортерот на БГНЕС.

Шефот на државата нагласи дека е неприфатливо повторно да се игра на нуклеарната карта три децении по завршувањето на Студената војна. Според него, колку и да изгледа апсурдна оваа закана, не може да се игнорира.

Радев беше категоричен дека Бугарија нема да ги признае резултатите од референдумите што Русија ги спроведува на заземените украински територии. „Референдумите во борбена зона, каде гранати паѓаат покрај гласачките кутии, се правен апсурд и Бугарија нема да ги признае.

Заедно со ескалацијата на конфликтот, растат и ризиците за нашиот регион, Европа и светот.

„Иако во моментов нема директна воена закана за безбедноста на земјата, овие ризици се проценуваат и се преземаат мерки за нивно минимизирање. Бугарија работи напорно да ја гарантира својата безбедност преку зајакнување на националниот одбранбен капацитет и исполнување на обврските во системот за колективна безбедност на НАТО“, рече Радев.

Тој посочи дека ризиците од војната во Украина не се ограничени само на воената безбедност.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ