Радев им кажал на западните амбасадори дека Бугарија ја поддржува европската иднина на Македонија

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Софија имаше состанок со амбасадорите во државите членки на ЕУ, Швајцарија и во САД, при што нагласил дека државата ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија.

„Бугарија ја поддржува европската перспектива на Република Северна Македонија и воспоставувањето на земјата како силен сојузник во НАТО“, нагласи Радев.

Шефот на бугарската држава ги пофали позитивните сигнали во последните неколку недели во односите меѓу Софија и Скопје и, пред се, продолжувањето на дијалогот на највисоко ниво.

Радев изрази надеж дека тој дијалог ќе доведе до конкретни одржливи и неповратни резултати „во нашите билатерални односи со Република Северна Македонија, што исто така ќе ја забрза европската перспектива на нашиот југозападен сосед“, сооштија од неговиот Кабинет.

на средбата се разговарало и за борбата со корупцијата, санкциите со Глобалниот закон Магнитски како и за иницијативата „Три мориња“.

Би можело да ве интересира

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Радев: Уставните измени се европски, а не бугарски барања

Бугарскиот претседател одби да го потпише указот за разрешување на шефот на бугарското МВР

Деца од Битола на средба со Радев без дозвола од родителите: Злоупотреба за политички цели, тврдат од Меѓаши

Орце Костов