Радев: Доцна е за дијалог, протестите ќе продолжат

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев одговори на повиците за политички дијалог што претходно ги упати спикерот на Парламентот Цвета Карајанчева, пренесува агенцијата БГНЕС.

– Тие требаше да водат дијалог со луѓето, кога беше време. Тие стоеја арогантно, не одговарајќи на нивните потреби, сега е доцна за дијалог. Луѓето веќе не го сакаат тоа, изјави Радев за Бугарското национално радио.

На прашањето до кога ќе продолжат протестите тој одговори: „Додека паднат тие кои треба да си заминат“.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит

Почнува мешањето во претседателските избори: „Пендаровски и објави војна на Бугарија“, на амбасадорката врачен протест

Александар Тодески

Бугарија нема да испраќа војници во Украина

Земјотрес во Бугарија