Радев до Мицотакис: Договорот од Преспа и Договорот за пријателство да станат дел од преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ

Од:

Бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Софија повикал Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и Препсанскиот договор меѓу Грција и Северна Македонија да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Северна Македонија во ЕУ, соопшти прес-центарот на бугарскиот претседател.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедничкиот став на двајцата бил дека европската интеграција на Република Северна Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори. Друга тема на која разговарале Радев и Мицотакис било унапредувањето на билатералната енергетска, транспортна и економска поврзаност меѓу Бугарија и Грција.

Двајцата го поздравија обновувањето и понатамошниот развој на стратешкото партнерство меѓу Бугарија и Грција, кое го идентификуваа како клучно не само за нивните билатерални односи, туку и за стабилноста во регионот на Југоисточна Европа.

Забрзувањето на процесот на изградба на гасниот интерконектор меѓу Бугарија и Грција е приоритет за двете земји, беше истакнато на средбата. Дополнителен позитивен ефект врз енергетската диверзификација меѓу Бугарија и Грција ќе биде лансирањето на терминалот за течен гас во близина на Александрополис што се очекува да се случи во 2023 година и во кој Бугарија поседува 20 проценти од акционерскиот капитал на компанијата што ќе го гради и управува.

Софија и Атина сакаат да ја подобрат транспортната поврзаност, вклучително и преку отворање на нови гранични премини, што ќе придонесе Бугарија и Грција да имаат висок потенцијал и успешно да го развијат секторот за информатичка технологија во нивните економии, што создава поволни услови за продлабочување на билатералното партнерство, вклучително и на регионално ниво.

Би можело да ве интересира

Грчки дипломатски извори за АНА-МПА: Договорот од Преспа не може еднострано да се промени

Предраг Петровиќ

Радев и Вархеји очекуваат да поминат уставните измени веднаш по изборите на 8 мај

Орце Костов

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Герапетритис: Потребно е доследно, строго и целосно почитување на Договорот од Преспа

Орце Костов

Почна примената на правилата од Преспанскиот, од земјава се излегува само со Северна

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд едногласно одлучи да не се поведе постапка за Преспанскиот договор

А1он