Радев денеска го распушти бугарскиот Парламент, новите избори на 2 април

Од:

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска го распушти парламентот на земјата и најави предвремени избори за 2 април.

Радев назначи и преодна влада пред вонредните парламентарни избори, петти во Бугарија во последните две години, јавија медиумите кај источниот сосед.

Радев повторно го назначи 55-годишниот политичар Галаб Донев, за премиер на привремената влада додека следниот парламент не ја избере новата влада.

Назначувањето доаѓа откако трите најголеми политички групи во длабоко поделеното Национално собрание не успеаја да најдат заеднички јазик за одржлива коалициска влада по последните предвремени избори, одржани во октомври.

Десничарската партија ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов освои 67 пратенички места, повеќе од која било друга партија, но не и мнозинство во 240-члениот парламент.

Другите партии одбија да формираат сојуз со ГЕРБ поради обвинувањата за корупција и наводниот неуспех на партијата да ги спроведе реформите кога беше на власт.

Либерална партија, Промените продолжуваат и социјалистите не најдоа доволно поддршка за формирање влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Радев го повика Пендаровски да се држи до историската вистина

Катерина Павлова-Николовска

(ВИДЕО) Румен Радев од Брисел: ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантираат правата на Бугарите во Македонија

Орце Костов

Радев: Испраќањето воена помош за Украина може да предизвика глобален конфликт

Радев: Следен вршител на должноста премиер ќе биде Галаб Донев

Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање бугарска влада на „Продолжуваме со промената“

А1он

Радев најави дека по Нова година ќе го врачи мандатот за формирање на влада

Горан Наумовски