Путин му ја честиташе изборната победа на Вучиќ и изрази надеж за зајакнување на стратешкото партнерство

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин му честиташе на српскиот лидер Александар Вучиќ за неговиот реизбор и изрази надеж дека ќе се надгради нивното „стратешко партнерство“, соопшти Кремљ.

„Очекувам дека вашата работа како шеф на државата ќе продолжи да придонесува за зајакнување на стратешкото партнерство што постои меѓу нашите земји“, наведе Путин во телеграмата до Вучиќ, се вели во соопштението на Кремљ. Тоа секако е во интерес на братските народи на Русија и Србија, се вели во телеграмата.

Путин истакна дека резултатите од гласањето ја потврдуваат широката поддршка од граѓаните на Србија за курсот на Александар Вучиќ „со цел да се решат итните социјални и економски проблеми и да се води независна надворешна политика“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

И Путин и Зеленски го одбележаа Денот на сеќавањето на Холокаустот

Ана Ололовска

Путин изрази жалење за милионите невини жртви – Евреи, убиени и мачени за време на холокаустот

А1он

Санино: Путин од концептот специјална воена операција премина на концептот војна против НАТО

А1он

Путин: Русија е категорички против заборавање на нацистичките злосторства

Курти: На Косово не постојат српски општини, Вучиќ го прекрши договорот

А1он

Кирби: Ситуацијата со Косово е поврзана со танцот на Курти и Вучиќ, договорот за ЗСО е постигнат одамна

А1он