Пусиќ: Само осум Хрвати се борат во Украина

Од:

Хрватска на ниту еден начин не го поддржува тоа што некои хрватски државјани се борат во Украина и работи на тоа овој мал број луѓе да се вратат дома, рече хрватската министерка за надворешни работи, Весна Пусиќ.

Потпретседателката на владата, Пусиќ, во Саборот истакна дека е изненадена од вчерашната остра реакција на руското министерство за надворешни работи, „имајќи предвид дека во случајот со Хрватска станува збор за многу мал број луѓе“.

Руското МНР изрази загриженост и шокираност од фактот што хрватски доброволци се борат на украинска страна и ги повика властите да ја „спречат таквата извитоперена практика“.

Во вчерашниот одговор на хрватското министерство за надворешни и европски прашања на руската прозивка, се наведува дека во Украина има осум хрватски борци.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег